Викендов со работа започнува редовната линија за јавен превоз во правец Тетово – Попова Шапка – Тетово, соопшти денеска општината.
Линијата, како што соопштија тие, ќе биде во функција секоја сабота и недела.
„Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие ‘Тетово Транспорт’ – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар“, велат од Општина Тетово.
Оттаму се децидни дека оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец.