Денес во организацијата на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп започнува ликовната колонија „Дрен 2022“ што традиционално по 14 пат се одржува во Прилеп.
Во рамките на колонијата ќе учествуваат 16 домашни и странски сликари и скулптори: Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски и Мирјана Крстева Масети и Павлина Илијеска. Почесен гостин на колонијата ќе биде доајенот на македонската скулптура професорот Васил Василев.
Уметниците ќе ги претстават финалните творби на изложба што ќе се одржи наесен.
„Дрен“ досега е покровител на околу 370 уметнички дела што се во наследство на прилепскиот Центар за култура и на државата.
Ликовната колонија ќе трае до 3 јули и е со поддршка на Министерството за култура.