Запознајте ги Seeed, новите изведувачи на фестивалот Сигет

za vo statijaОваа година фстивалот Сигет ни ја претставува германската музичка сензација Seeed која ни нуди уникатен микс на реге и денс. Бендот е оформен во 1998 година во Берлин и има 11 членови меѓу кои тројца пејачи (Петер Фокс, Boundzound и Eased), гитара (Руди – Rudeboy), бас гитара (Тобсен Кордес), тапани (Based), перкусија (Алфи Троверс), саксофон (Мориц Делгадо), тромбон (Џером Tchamp Буњон), ди-џеј (DJ Luke) и клавијатура (Рејлболд Dubmaster).

Нивниот прв голем музички хит Dickes B, песна за градот Берлин, беше во 2001 година. Тој сингл им носи три „ECHO“ награди со што се стекнуваат и со музичка слава низ цела Германија. Продолжуваат да прават одлична музика и во 2003 година почнуваат да се пробиваат на светската музичка сцена. Тоа го прават со нивниот нивниот албум Music Monks кој во Германија се искачува до 4-то место. Бидејќи албумот е на германски јазик, тие прават и англиско издание кои содржи буквални преводи на текстовите и поради тоа двата албуми се разликуваат еден од друг. За промоција на албумот прават турнеи низ Африка и Европа, каде што се стенуваат со сѐ повеќе обожаватели.

Во 2005 година го вадат нивниот трет студиски албум Next!. Неколку членови од бендот работат како продуценти на овој албум и затоа во него се наоѓаат повеќе музички жанрови. Албумот не само што ги задоволува обожавателите, туку и музичките критичари. Една година подоцна го издаваат во цела западна Европа како и во Полска, Чешка и Норвешка.

Seeed ја имаат честа да свират на церемонијата за отварањето на светското првенство во фудбал во 2006 година во Минхен, која беше пренесувана на многу национални и светски телевизии со што се претставија пред публика од  1.5 милијарди луѓе. Интересно е да се напомене дека имаа одлична сценографија и костимографија во овој период од нивната кариера, како што и можете да погледнете на следното видео:


Во ноември го вадат официјалното DVD за нивниот концерт Seeed – Live. По 3-годишна пауза повторно се враќаат во студиото и почнуваат со работа на нивниот нов албум кој го носи името Seeed. Синглот Molotov излегува на 8 јули 2011 година за кој овозможија бесплатно превземање од нивната официјална веб страница. Повторно се враќаат на врвот на славата во Германија и Европа со преработката на песната Wonderful Life (оргинално издадена од Black) која се продава во тираж од 150.000 примероци. Спотот за песната дебитира на нивниот YouTube канал и во една недела бележи повеќе од 2 милиони прегледи. Конечно на 28 септември 2012 година, после 7 години пауза, излегува новиот албум Seeed и се искачува на првото место на топ листите во Германија.

Во нивната кариера имаат соработувано со Cee-Lo Green, Anthony B, General Degree, Tanya Stephens и многу други продуценти и артисти од Јамајка. Очекувајте одлична забава и феноменален сценски настап со нив на Сигет.

Повеќе информации можете да добиете на нивната официјална веб страница, како и на нивниот Facebook профил.

Николај Митрески