Во уште еден несекојдневен случај на јавно запросување, неименуван Турчин го блокирал автопатот во населбата Бахчелиевлер во Истанбул за да ја запроси девојката, предизвикувајќи огромен сообраќаен метеж.
Тој и неговите пријатели минатата недела со седум автомобили формирале колона, затворајќи дел од автопатот Д-100, по што момчето излегло од автомобилот и на средината од коловозната лента ја побарало девојката за жена, пред очите на стотици запрепастени возачи.
Полицијата ги искористила снимките поставени на социјалните мрежи за да ги идентификува младоженецот и шестемина негови пријатели, кои кратко потоа се уапсени, а полицијата им ги задржала возачките дозволи. Тие ќе одговараат за предизвикување опасност во сообраќајот.