„Патуваме во мелодичен занес“, гласи најновата објава на „Д Фест“, откривајќи дека дојранскиот музички фестивал оваа година ќе гостува вокалната изведувачка на традиционална македонска и светска музика, Зарина Првасевда.
„Длабоко поврзана и инспирирана од природата, a веќе го дефинира македонското наследство со вокал и мелодии кои се потпираат на источно-европските традиции. Таа ги раскажува приказните од нејзиното опкружување низ музика која дише со ритмичка и инструментална разновидност“, гласи објавата.
Влезниците за Д фестивалскиот викенд се веќе во продажба со Ран Корморан акцијата т.е со нивната цена од 1.100 денари за тридневен фестивалски билет, или 1.200 денари за тридневен фестивалски билет кој вклучува и камп-место.
Билетите како и сите информации за „Д Фестивал“ се достапни на официјалната веб-страница dfestival.mk.
„Смат“ слави јубилеј на главната бина, а Мими Мерцедез пристигнува на „Lake Awake“ на „Д Фестивал“