Фестивалот на Лошо Потрошени Пари – 2014 Прошетки (низ Центар) при својата четврта прошетка запре на Мостот на уметноста, кој ги чинеше граѓаните 2.3 милиони евра. На прашањето што би направиле за толку пари, oд нашите сограѓани дојдоа идеи за мостови, фондови за здравство и образование, загадувањето во Велес, планинарски домови, па дури и едноминутни молкови.
Зборуваа: Никола Писарев, Оливера Трајковска, Албуљена Карага, Небојша Вилиќ, Искра Гешоска, Едмонд Адеми и Александар Донев.