#ЗаТолкуПари – прошетка до спомениците на Филип и Олимпија

„Фестивалот на лошо потрошени пари – 2014 прошетки (низ Центар)“, кој го организира „Плоштад Слобода“ вчера застана зад спомениците на Филип и Олимпија Македонски кои чинат 7 милиони евра. Граѓански активисти, универзитетски професори и интелектуалци ги споделија нивните идеи за тоа како попаметно би ги потрошиле парите вложени во овие споменици.

#ЗаТолкуПари  - прошетка до спомениците на Филип и Олимпија

Говорници:

Тамара Атанасоска — граѓански активист

Неда Коруновска — истражувачка

Артан Садику — граѓански активист

Никос Чаусидис — професор по археологија и историја на уметност

Роберт Алаѓозовски — писател

Марија Аргирова — граѓански активист

2014 прошетки (низ Центар) продолжува денеска (19 април) на Мостот на уметноста на кеј 13 ноември во 18 часот.