Музеј посветен на руската ЛГБТИ+ историја во Санкт Петербург беше отворен, па затворен во период од неколку дена, откако беше воведен новиот Закон кој регулира „геј пропаганда“, јавува „Euronews“.
Пјотор Воскресенски е основачот на музејот кој посветил повеќегодишен труд за да ја состави колекцијата од руски статуи, накит, вази, книги и слични уметнички објекти кои сведочат за руската ЛГБТИ+ „андерграунд“ култура.
Сепак, колекцијата „не ја видела светлината на денот“ откако беше донесен законот според кој се забранува промоција на „нетрадиционални“ врски.
На 5 декември, рускиoт претседател Владимир Путин го потпиша законот кој целосно забрануваше се што се чини како пропаганда на „нетрадиционални врски и промена на полот“ и „педофилија“. Забраната е важи и за медиумите, интернетот, маркетинг секторот, книги и филмови.
Доколку некој е обвинет за „сеење ЛГБТ пропаганда на малолетници“, лицето ќе треба да плати казна до 75 илјди евра, додека за „сеење на пропагандата помеѓу полнолетни лица“ казната е 60 илјади ебра.
Отворањето на музејот претставувал симболичен чин на отпор против Законот и потиснувањето на заедницата.