Седум затвореници од Јужна Каролина и станаа познати на јaвноста ширум светот со нивното музичко видео кое го снимија во затворска ќелија.
Видеото предизвика огромно внимание, не само затоа што е брилијантен рап, според поголемиот дел од коментарите на интернет корисниците, туку и поради тоа што момците го направиле без дополнителна опрема.
Неодамна се појавија информации дека приведените биле казнети за овој чин на уметничко изразување и тоа сериозно.
Видеото стана популарано по објавувањето на WorldStar, но веднаш потоа се отвори истрага против седумте затвореници кои учествуваа во снимањето. Надлежните органи и управителот на затворот им доделил на раперите казна од вкупно 20 години во самица. Тоа значи дека секој од нив ќе помине речиси три години во самица.
Со ова тие ќе го изгубат многу привилегии во затворот, како прошетка низ дворот, право на телефонски разговор, користење на кантината и други награди за добро однесување.
Во продолжение, погледнете го видеото со кое затворениците се прославија ширум светот.