Завршена изградбата на градскиот паркинг во општина Тетово

паркинг кромидГрадоначалникот на општина Тетово Беџ Сеадо денеска во 12 часот и официјално го прогласи за завршен новиот градски паркинг на 4 спрата во центарот на општина Тетово, во близина на градскиот трговски центар. Паркингот беше во изградба цели 4 години, на што градоначалникот слатко искоментира:

„Па 4 спрата – 4 години, така иде тоа“.

Паркингот е достапен за сите граѓани на Тетово, а цената е само 20 денари за цел ден користење на едно паркинг место. Граѓаните се пресреќни со овој новитет во нивниот град.

Една госпоѓа возач изјави:„Пресреќна сум. Конечно нема да имам потреба да се паркирам кај некого пред влез и да се расправам после“. Друг господин кој не вози изјави: „Пресреќен сум. Конечно ќе можам наместо по улица слободно да пешачам по тротоарите кои до сега беа паркинг места“.

Градоначалникот пак изјави дека е пресреќен со изградбата и најави отворени работни места на градскиот паркинг за сите граѓани со средно образование. Тој нагласи дека отсега па натаму ќе почне и самиот да ги паркира своите 4 автомобили на јавниот паркинг, а не на тротоарот пред неговиот дом, како што правеше досега.

#кромид037

predupreduvawe