Со доделување на наградите за најдобри филмови и најдобро актерско остварување беше затворено петтото издание на „Beach Film Festival“. Наградите беа доделени на плажата Славија од страна на жирито во состав на германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди.
Наградата „Голем бран“ наменета за најдобро филмско остварување им беше доделена на филмовите „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал.
Добитник на наградата „Мал бран“ за краток филм е „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ.
Награда за најдобро актерско остварување, „Стефан Сидовски Сидо“ ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“, а „Special Mention“ – награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката е филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак.
Годинешниот „Beach Film Festival“ се одржуваше на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.
фото: Радио МОФ
[Фото] Започна петтото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид