Заврши продолжениот распуст, основците и средношколците се враќаат на училиште  

Министерството за образование и наука (МОН) соопштува дека второто полугодие од учебната 2018/2019 година започнува утре (23 јануари) и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија.

Ваквата одлука доаѓа по препораките на Владата, односно на Министерството за животна средина и Интерсекторската работна група за следење на состојбата со амбиенталниот воздух.

Истовремено од Влада соопштуваат од утре (23 јануари) се укинуваат препораките и мерките околу загадувањето, распоредени како задолженија за различни институции.

Владата веќе информираше дека среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 мигрограми/метар кубен, и епизодата од два последователни дена е прекината на мерните места во Скопје, Битола, Гостивар и Тетово.