Министерството за образование и наука (МОН) ја заврши реконструкцијата на блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“, како втора фаза од процесот за целосна обнова на домот.
Според МОН, зафатите на блокот А чинат околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на вратите прозорците, подовите, електричната и водоводната инсталација, системот за парно греење, молерисување на ѕидовите, нови лифтови и опрема во собите.
Досега се реновирани блоковите А и Б, а според најавите за десетина дена се очекува да започнат активностите и за реновирање на останатите два блока В и Г и до следната година да бидат целосно завршени.
„За двата блока кои досега се обновени, инвестирани се 3 милиони евра. Секој од блоковите во просек имаат меѓу 320 и 335 легла, што само по себе е како една висококатница“, изјави заменик-министерот за образование Спиро Ристовски.