За најголем дел од основците и средношколците денеска е последен училишен ден.
Учебната 2012/2013 година официјално завршува во понеделник, 10 јуни, за кога е предвидено последното екстерно тестирање.
Екстерното оценување на знаењата на учениците, кое годинава се спроведува прв пат, беше обврска за сите основци и средношколци, освен за матурантите. Тие утре и на 11 јуни полагаат државна матура.
Уписите на високообразовните установи и годинава ќе бидат во август.