„Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо

Во четврток во 13 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи вториот, од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој ќе говори финскиот композитор Калеви Ахо,

Модератори на разговорот ќе бидат Симона Гајдоска (продуцент и композитор) и Ангел Спироски (композитор и диригент).

Концертот на Ахо за алт флејта и гудачи ќе ја доживее својата светска премиера на утрешниот концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“.

„Еден од најголемите современи композитори доаѓа во Скопје, во Филхармонија. Славниот фински автор Калеви Ахо, човекот кој напиша дури 17 симфонии, 36 концерти, 5 опери, вели дека е огромна чест за него што доаѓа во Македонија и што токму овде ќе ја има светската премиера на неговиот Концерт за флејта. Уште поголемо задоволство за нас е што оваа вечер, овој четврток, ќе настапи врвниот флејтист Матеј Јоакимеску, заедно со нашиот шеф-диригент Габриел Бебешелеа. Не пропуштајте го овој навистина редок и мошне значаен настан, затоа што нема да има реприза“, напишаа од Филхармонија на социјалните мрежи.