Најмалку двајца здравствени работници од Колорадо стоеја тивко, со вкрстени раце додека блокираа колона автомобили полни со демонстранти, кои свиреа и извикуваа „Ова е земја на слободни граѓани“, пренесува „Ал Џазира“.
„Ти одиш на работа. Зошто јас да не можам да одам на работа?“, извикува демонстрант кон здравствениот работник од нејзиниот автомобил во Денвер.
Со тивкиот протест, здравствените работници им се спротивставија на гласните демонстранти кои протестираа против наредбите за останување дома во оваа американска држава.
Здравствените работници се опишуваат како „херои“ на интернет, откако фотографиите станаа вирални.
„Оваа медицинска сестра која ги блокира демонстрантите против мерките за останување дома во Денвер, Колорадо е мојот херој на денот“, пишува корисник на Твитер.
The day the healthcare workers had enough. American heroes!
Denver nurses block right-wing protesters! <3!
h/t David McNally
Photos by Alyson McClaran. pic.twitter.com/9GiH0KSsJY— Megan (@masterfulwriter) April 20, 2020
Ова се случува по бранот протести, промовирани од страна на екстремно-десничарски групи и истакнати теоретичари на заговор против мерките за изолација во САД. Претседателот Доналд Трамп минатата недела ги поддржа протестите и на неговиот Твитер профил напиша „Ослободете ја Минесота“ и „Ослободете го Мичиген“ .
Додека некои протестираа од своите автомобили, многу други се спротивставија на насоките за социјално дистанцирање, протестирајки пред домовите на гувернери и државни институции, во неколку држави како Мичиген, Кентаки, Вашингтон, Минесота, Вирџинија и Колорадо.
Мерките за останување дома, за кои експертите велат дека се неопходни за да се забави ширењето на вирусот ја наруши американската економија, а повеќе од 22 милиони Американци поднеле барање за надомест за невработеност изминатиот месец.
Ова го наруши и економскиот, социјалниот, културниот и религиозниот живот и го втурна светот во економски пад, невиден од Големата депресија во 1930-тите години.