Повеќе здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации преку јавно соопштение ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено, како што велат, од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Тие го повикуваат Собранието во најбрз рок да го донесе Предлог-законот, надлежните институции да ја спроведат реформата, а БРО и МОН да спроведат и обуки за целиот наставен кадар.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Клучен проблем, за кој Предлог – законот за учебници и други наставни и дидактички материјали предлага соодветни решенија се застарените содржини во учебниците кои промовираат нееднаквост и исклучување на различни категории граѓани. Здруженијата на граѓани, но и меѓународните и регионалните тела за човекови права со години наназад бараат и препорачуваат засилен институционален одговор по прашањата на застареност, дискриминација и несоодветна репрезентација на различните општествени групи. Конечно, Министертсвото за образование и наука ја препозна сериозноста на овој проблем, кој директно приденосува до слаби резултати во образованието, оневозможува учениците да се стекнат со современи знаења за активен проидонес во демократските општества, дополнително ја продлабочува нееднаквоста и го прави образованието нерелевантно, а учениците недоволно мотивирани.
Предлог законот ги содржи следните унапредувања од аспект на еднаквост и недискриминација:
експлицитна забрана за дискриминација и обврска за промовирање на мултикултурализмот, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права, различноста, демократијата, граѓанското учество и критичкото размислување;
државниот просветен инспекторат ќе има експлицитна надлежност да постапува во случаите на нееднаквост и дискриминација во учебниците;
комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебник имаат изречна надлежност да ги разгледуваат учебниците од аспект на еднаквост и недискриминација, а доколку има несоодветни содржини по овој основ имаат обрвска да не го одобрат учебникот или да го вратат на корекции или да го повлечат од употреба;
со цел да се осигура дека учебниците ќе промовираат демократски вредности и еднаквост, во комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебници членува претставник номиниран од советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор кој има најмалку 10 години искуство од областа на недискриминацијата, човекови права, родовата еднаквост и мултикултурализмот;
се внесува обврска за континуирана ревизија на одобрените учебници, секоја година, пред започнување на учебната година, вклучително и од аспект на еднаквост и недискриминација;
усогласување на законот со законот за спречување и заштита од дискриминација.
Со предлог-законот е предвидено унапредување на пристапот до образование за учениците со попреченост и учениците од социјално загрозени семејства:
Дигитализацијата на учебниците го унапредува пристапот до нив за учениците со попреченост, со помали трошоци за печатење на прилагодени учебници;
Авторите имаат обврска учебниците да ги достават и во аудио формат, со што се олеснува пристапот до нив за учениците со сензорна попреченост;
Предвидена е обврска за училиштата да обезбедат пристап до учебници за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници од и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија.
Најдобриот интерес на децата е да добијат современо, релевантно, достапно и пристапно образование кое одговара на нивните потреби, ги стимулира критички да разлислуваат, ги стимулира сами да доаѓаат до знаења и одговори, не морализира и не осудува, претставува различни светогледи и ги воспитува децата во духот на демократските вредности.
Свесни сме за потребата од дебата во однос на реформи во образованието, но сметаме дека аргументираната дебата треба да биде мотивирана од најдобриот интерес на децата и желбата за развој на државата и општеството.
Ја поздравуваме идејата за дигитализација, особено нејзината зелена димензија. Имајќи ја предвид социоекономската состојба на државата ја поддржуваме идејата за вложување во инфраструктура за имплементација на оваа реформа и како одговорно граѓанско општетсво внимателно ќе го следиме овој процес.
Го повикуваме Собранието во најскор можен рок да го донесе Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали.
Бараме од надлежните институции да ја спроведат реформата без оставање на ниеден ученик/ка надвор од пристап до основните образовни ресурси.
Бараме од Бирото за развој на образованието и од Министерството за образование и наука спроведување на обуки за целиот наставен кадар, со цел обезбедување на основни ресурси за спроведување на реформата.
Платформа за родова еднаквост
Коалиција МАРГИНИ
Хелсиншки комитет за човекови права
ЛГБТИ Центар за поддршка
Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА
Институт за општествени и хуманистички науки Скопје
Национална Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство- Глас против насилство
Акција Здруженска
Реактор- Истражување во акција
Рурална Коалиција
Институт за човекови права
Здружение за еднакви можности Мрежа Стела Скопје
ХОПС- Опции за здрав живот Скопје
Хуманитарно здружение Мајка, Куманово
Здружение за едукативен развој – Еквалис
Тиииит! Инк.
Здружение за унапредување на меѓусебна доверба- ТАКТ
Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- Заедно посилни
Здружение за локален и рурален развој
ЛезФем
Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите луѓе- ТрансФормА
Здружение Глобал Битола
ЕКОЗВОН, Скопје
Здружение Мултикултура- Тетово
Здружение на еднородителски семејства Една може! -Скопје
Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ – Радовиш
Здружение за локален рурален развој – Камењане
Здружение на социјални работници на Град Скопје
Младински центар за еднакви можности
Здружение на граѓани „СУМНАЛ“
Организација на жени на град Скопје – ОЖС
Организација на жени на општина Свети Николе
Кризен центар „Надеж“
Здружение на граѓани „Флоренс Најтингејл“ – Куманово
Здружение на граѓани „Сирма“ – Куманово
Организација на жени Tурчинки во Македонија – ДЕРЈА
Женска граѓанска иницијатива – АНТИКО
Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ – Битола
Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА – Кавадарци
Комора на психолози на Република Македонија
Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”
Организација на жени на општина Велес (Организација на жени – Општина Велес)
Здружение Скај Плус – Струмица