Зелен Хуман Град повикува на „Зелени муабети за одржлива заедница“ на 21 септември  

Зелен Хуман Град (ЗХГ) на 21 септември од 12 часот во „Лабораториум“ организира „Зелени муабети“ –  интерактивен настан (читаj: кафе муабет) што има за цел да ja доближи заедницата на Скопjе заедно.

„Да се инспирираме едни со други и придонесеме за подобар, поквалитетен, и подинамичен живот на локално ниво за сите нас“, повикуваат од ЗХГ.

Како први говорници мразот ќе го скршат Горјан од Зелен Хуман Град, Кате од Yes for less и Марко од За почиста Македонија. Меѓутоа, велат организаторите, можеш да се пријави и кој сака преку оваа ФОРМА.

Во однос на говорниците, Горjан е еко-активист, претприемач и еден од основачите на Зелен Хуман Град. Познат е по развојот на МојВоздух апликациjата, по неговата борба против аерозагадувањето и како јавен говорник. Во 2021 година станува независен член на Советот на Град Скопје преку Зелен хуман град, и неговата борба за подобро Скопје ja продолжува и во институциите.

Катерина Илијовска е една од коосновачките на здружението Yes for Less, преку кое заедно со својата партнерка Сара Коцевска и останатите членови од нивната еко заедница пробуваат да ја кренат свеста за поодржлив начин на живот. Toa го прават преку едукативни и инспиративни содржини, позитивни и практични примери и различни ресурси како што е платформата за локални зелени бизниси и иницијативи.

Марко Гапо е еко-активист и еден од основачите на „За Почиста Македонија“, движење кое има за цел да ја покрене и шири мотивацијата кај луѓето да се активираат за почиста животна средина и развивање на здрав еколошки менталитет преку спроведување еко-акции и инспиративни содржини на социјалните медиуми.

„Имаш еко навика која сакаш да ja споделиш? Или приказна со која се гордееш? Ние сакаме да jа слушнеме! Раскажи ни како селектираш отпад, како се грижиш за своите растенија, кои се твоите еконавики? Сподели го твојот омилен веге рецепт! Имаш идеја како можеме да го направиме Скопје уште поубав и похаризматичен град?-we are dying to hear it! Пријави се да зборуваш на формата тука, или едноставно дојди на кафе“, стои во повикот на ЗХГ.