Здружението „Зелена алтернатива“ во недела (10 јуни) од 18 часот во „Јавна соба“ ќе одржи ново „Вечерно училиште“ – обука за подготовка на екстракти од канабис за лична употреба.
Според активистите, евидентно е дека дека само со направените видеа, дел од лицата на кои им е потребна помош, не можат целосно да се снајдат и сами да си помогнат.
Па, со цел да одржи континуираната едукација, „Зелена Алтернатива“ во соработка со „Public Room“ и „Organic Growshop MK“ сега продолжува со предавања за канабисот, од семе и садење, преку сув цвет готов за употреба, до финална изработка на екстракти од канабис.
„Поради социјална сензитивност на темата се напоменува дека обуката е од образовен карактер и е наменета за лица на кои маслото/екстрактите од канабис им се најмногу потребни (заболени од рак и останати здравствени состојби)“, соопштуваат од Здружението.
За следење на модулот, секој регистриран учесник купува билет од 150 денари во кој е вклучен еден пијалок. Местата за вечерното училиште се лимитирани и ќе бидат исполнети на принцип, прв пријавен – прв послужен.
Регистрација за настанот е задолжителна и се врши со најава преку email: contact@publicroom.org со испраќање на: име, презиме – регистрација за вечерно училиште со зелена алтернатива.
За повеќе информации можете да се обратите на email: zelenaalternativamk@gmail.com