Филмот на Питер Фарели „Зелената книга“ („Green book“) ја зема наградата од публиката на овогодинешниот „Торонто филм фестивал“, кој досега предвиде пет добитници на Оскари за најдобар филм – „Slumdog Millionaire”, „12 Years a Slave“, „The King’s Speech“, „American Beauty“ and „Chariots of Fire“.
Во 2016 наградата од публиката отиде кај „La La Land“, а лани добитник беше „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“. Двата беа потоа новинирани за најдобар филм за „Оскар“.
Критичарот Питер Дебруж од „Варајети“ ги пофали перформансите на Виго Мортенсен и Махершала Али во „Зелената книга“, потенцирајќи дека „приказната е можеби уникатна, истовремено таа се развива како што очекувате, со еден огромен пресврт“.
Режисерот Фарели претходно е познат како еден од браќата кои правеа комедии од типот на „Dumb and Dumber“, „Kingpin“, „There’s Something About Mary“, „Me Мyself & Irene“…
Инаку, наградата за прв канадски филм отиде кај „Патиштата во февруари“ („Roads of February“) на Кетрин Јерковиќ, а наградата за најдобар канадски филм ја доби „Светулките исчезнаа“ на Себастијан Пилот.
Наградата за најдобар краток филм ја зедоа авторите на „Полето“.