Со цел презервација на населбата Тафталиџе и општината Карпош од урбаната мафија, граѓанската иницијативата „Зелено Тафталиџе“ утре од 19 часот повикува на нов протестен марш.
„Секојдневно се повеќе и повеќе сме сведоци на ирационалните одлуки и постапки на претставниците на општина Карпош како институција“, велат од „Зелено Тафталиџе“.
Од таму најавуваат дека маршот ќе започне на паркингот кај „Асиба“ на улица „Лондонска“ во 19 часот. Веднаш потоа ќе се продожи долж „Варшавска“ поминувајки го средното училиште „Георги Димитров“ се до комплексот „Настел“, кој ќе се заобиколи, а по улица „Прашка“ граѓаните ќе се упатат накај паркот на улица „Букурешка“.
„Поканете ги пријателите и најблиските и приклучете се во будењето на населбата. Маалски, а не партиски! За идинината се работи!“, соопштиваат од иницијативата.