На почетокот на 2018 година на земјата ќе има околу 7,6 милијарди луѓе во светот, објави германскиот Институт за светско население. Институтот очекува 7.591.541.000 луѓе да живеат на Земјата на 1 јануари, 2018 година.
Лани светското население се зголемило за 83 милиони луѓе, приближно колку населението во Германија.
Од институтот предвидуваат дека бројот на луѓе во Африка брзо расте во наредните децении, а се очекува населението на овој континентот да се зголеми од 1,26 милијарди на 2,53 милијарди до 2050 година.