Земјава дел од проектот „Немаме друг свет“ – ќе се развиваат решенија за еколошките проблеми преку образовниот систем

Здружението Академија за роботика и иновативно учење во партнерство со средни училишта од Турција, Полска, Финска и Шпанија ќе работи на проектот „Немаме друг свет“ чиј фокус се глобалните еколошки проблеми, предлог на практични решенија и нивна реализација, преку вметнување во образовниот процес.

Од Академијата информираат дека организирале петдневна средба на која 23 наставници од горенаведените земји се запознаа со Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. На средбата била презентирана презентирана програмата ГЛОБЕ и начините на кои земјава пробува да се справи со загадувачите на животната околина.

„Сметаме дека ова е универзален проблем и треба да се реши во соработка со повеќе институции ширум
светот. Решението започнува со свеста и затоа во текот на овие две години ќе организираме семинари за
еколошките проблеми, дискусии за можни решенија, обработување на темата со различни аспекти кои ќе
обезбедат резултати достапни за многу луѓе ширум светот, особено за младите. Сакаме преку реализација на овој проект да ја зајакнеме стратешката соработка меѓу образовните институции, невладиниот сектор и другите релевантни институции“, велат од Академијата за роботика и иновативно учење.

„Резултат од овој проект, што и воедно е задача на нашата Академија е креирање на онлајн курс за
зачувување на животната средина, кој ќе се вклучи во наставните програми на партнерските институции и
практичен водич со активности за наставниот кадар, родителите и учениците, кои ќе им помогне за време
на часовите да обработуваат теми преки кои ќе ја подигнат свеста на младите за важноста на животната
средина, емпатиен пристап кон истата, како и последиците кои ги доживуваме сите од енормното
загадување“, велат оттаму.

За време на средбата, наставниците заедно со тимот од Академијата за роботика и иновативно учење,
градеа еколошки одржливи градови со ЛЕГО роботи, преку практични примери ги увидоа последиците од
климатските промени (земјотрес, поплави), учеа кодирање со СКРЕЧ и загадувањето го поврзаа со
последиците кои ги има врз менталното здравје на луѓето, а особено на младата популација.

Проектот е дел од Еразмус+ програмата.

Фото: Здружение Академија за роботика и иновативно учење