Земјите од Европската Унија (ЕУ) секоја година фрлаат 37 милиони парчиња „неквалитетна пластична облека“ во Кенија, покажа нова истрага, јавува Евроњуз.
Овој отпад од модни парчиња е премногу валкан или оштетен за повторно да се користи и создава сериозни здравствени и еколошки проблеми за ранливите заедници во земјата.
Нискиот квалитет на облеката значи дека таа завршува веднаш фрлена или изгорена за загревање вода, да се готви и наводно да се напојува електричната станица.
Истрагата на „Clean Up Kenya“ (CUK) и „Wildlight for the Changing Markets“ (CMF) ја нагласува зависноста на брзата мода од евтините пластични ткаенини. Истражувачите велат дека извозот на неквалитетна облека во посиромашните земји стана „вентил за бегство“ за „системско хиперпродукција“ и овој скриен тек на отпад треба да биде нелегален.
„Clean Up Kenya“ и истражувачката невладина организација „Wildlight“ интервјуираа луѓе и собраа докази на терен во Кенија за да откријат што се случува со овој отпад. Тие откриле неквалитетна облека на некои места, натрупани во висина до четирикатни згради и нивно излевање во реки.
Извозот на пластичен отпад од ЕУ е ограничен и наскоро ќе биде забранет во блокот. И покрај ова, истрагата покажа дека повеќе од едно од три парчиња искористена облека испратена во Кенија содржи пластика и се со толку низок квалитет што веднаш стануваат отпад.
Кениските трговци велат дека количината на неквалитетна облека што пристигнува во земјата значително се зголемила во последните неколку години. Облеката што ја добиваат често е извалкана со повраќаници, големи дамки или животински влакна.