За 27% е зголемен бројот на посетителите во театрите во периодот од 2022/2023 година, во споредба со 2021/2022 година, додека бројот на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Просечниот број на посетители на една претстава е 195 луѓе. Вкупно 820 претстави се изведени оваа година во професионалните театри во Македонија на кои присуствувале 159.935 луѓе, наведуваат од ДЗС.
Во професионалните театри за деца и млади бројот на прикажани претстави е зголемен за 38%, а исто така и бројот на посетители за 105.3%. На 189 претстави во театрите за деца и млади присуствувале 23.774 луѓе.
Но, бројот на одиграни претстави во аматерските театри пак, е намален за 18.7%, а со тоа и бројот на посетители кој е намален за 35.3%. Во периодот од 2022/2023 година биле одиграни 52 претстави, односно биле изведени 9 дела на кои присуствувале 7.948 луѓе. Најголем дел од претставите во аматерските театри, односно 38 биле одиграни во Кавадарци.