Од вчеравечер па се до 29 февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска зградата на Општина Охрид ќе биде осветлена во заштитните бои на кампањата за Денот на ретките болести, во зелена, розева и сина боја во траење од пет часа.
„Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек“, се вели во известувањето од општината.
За прв пат во земјава една јавна институција се осветлува со боите на ретките болести.