Откако вчера се јавија реакции за пронајдени грешки во учебникот по Историја и општество за петто одделение чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, тие се обратија до јавноста преку соопштение на социјалните мрежи.
Преку објава на Фејсбук, Ангеловска вели дека грешките ги забележале веднаш по печатењето на финалната верзија на учебниците, а за кои додава дека се настанати во текот на финалните подготовки, но не биле забележани и покрај тоа што учебниците поминале низ сите законски предвидени филтри.
„Истите грешки ги има и во учебникот преведен на албански јазик, кој е споделен во електронската верзија. Веднаш по констатираните грешки, писмено се обративме до надлежното министерство за да се направат исправки, барем во електронските верзии на учебниците. Навистина ни е жал што во нашите напори да не пропуштиме нешто суштинско, сме пропуштиле да поминат вакви технички грешки, кои ја разбрануваа јавноста“, истакнува Ангеловска.
Таа забележува дека учебникот кој е тема на дискусија е предаден на регуларен конкурс од Педагошката служба, уште во мај годинава.
„Сите сугестии кои беа од техничка природа, се земени предвид при подготовката на неговата финална верзија. Ниту ние авторите, ниту рецензентите, немавме прилика да го прегледаме учебникот пред печатење. Можеби ќе забележавме дека пишува дека наместо V век, пишува V век пр.н.е; дека при обработка и едитирање на текстот останала грешка за местоположбата на нашите соседи од исток и запад или за мерните единици“, нагласува авторката.
Таа посочува дека станува збор за технички грешки, но доколку учебникот се прочита и анализира – педагошки, методолошки, ќе се забележи дека тој во целост ги следи Наставната програма, Методологијата за изработка на учебник и Националните стандарди.
„Ги замолуваме надлежните во МОН да ги коригираат електронските верзии на посочените места. Исто така, ги замолуваме наставниците да им објаснат на учениците дека во тие делови од учебникот има технички пропусти, како што им посочуваат и за сите други учебници, каде ќе констатираат грешка“, вели Ангеловска.
Таа и се осврна кон исмевањето на кое мета беа авторките.
„Ги замолуваме сите оние кои навлегуваат во нашата приватност, споделуваат линкови до нашите лични профили, оние кои споделуваат наши фотографии без дозвола, да престанат. Со влегувањето во нашите лични профили и недоличните коментари, влегувате во нашите семејства, во кои има деца. Јавното линчување луѓе е средновековна практика, која сега е во модерна форма. Печатните и ненамерно направените грешки се исправаат. Ама, насилството кое се промовира на социјалните мрежи остава длабоки траги врз луѓето и нивните семејства“
Стапки или метри? Исток или запад? Какви грешки најдовме во новите учебници за основно