Железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, е во целосен прекин од вчера во 15:25 часот.
Но, патничкиот сообраќај сепак се одвива со премостување со автобуски превоз, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде додаваат дека од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат од Криволак.
Од железничките станици Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз, посочуваат од ЦУК.
Експерти од Градежниот факултет во Скопје е планирано во текот на денешниот ден да излезат на терен за да извршат увид на состојбата.