Пациентка со леукемија во САД стана првата жена и третата личност досега излечена од ХИВ откако ѝ беше направена трансплантација на матични клетки, велат истражувачите, јавува „Ал Џазира“.
Случајот, претставен во вторникот на Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Денвер, беше првиот што вклучува крв од папочна врвца за лекување на акутна миелоидна леукемија, која започнува во клетките што формираат крв во коскената срцевина.
Откако прими крв од папочна врвца, средовечната жена е во ремисија и без ХИВ веќе 14 месеци, без потреба од моќен третман познат како антиретровирусна терапија.
Донаторот природно бил отпорен на вирусот што предизвикува СИДА.
Двата претходни случаи беа кај мажи кои примиле адултни матични клетки, кои почесто се користат за трансплантација на коскена срцевина.
Овој нов пристап може да го направи третманот достапен за повеќе луѓе, објаснуваат истражувачите.