Жена за првпат прогласена за лидер на политичка партија во Египет

Халја Шукр Ала за прв пат во египетската историјата беше избрана за претседател на Либералната партија Ад Дустур. Со ова таа стана прва жена во Египет која е лидер на една политичка партија.

Жена за првпат прогласена за лидер на политичка партија во Египет

 

Веста ја соопшти основачот на партијата кој беше и нејзин лидер Мохамед ел Барадеј познат во јавноста и како поранешен директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, објави Каиропост.

„Халја Шукр Ала е истакнат партиски член. За неа гласаа 107 членови од раководството на партијата, а против 57“, напиша на Фејсбук Ел Барадеј кој беше прогласен за почесен претседател на партијата.