Жени и деца запалени во израелски напад на „безбедната зона“ во Газа

Израелските сили повторно ја бомбардираа „безбедната зона“ во Газа ал-Маваса, при што загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици беа повредени. Дописниците јавуваат дека во нападот „изгореле“ жени и деца, пренесува Ал Џазира Балканс.

Израелските сили продолжија со воздушните напади во јужен Либан и покрај договорот за прекин на огнот со Хезболах, тврдејќи дека нападнале, како што ја нарекоа, лансирната платформа во областа Мајдал Зун.

„Нападот на Ал-Маваси ја нагласува илузијата за безбедни зони во Газа. Ја нагласува ранливоста на цивилното население, кое нема заштита. Ова не е првпат област која израелската армија ја прогласи за безбедна зона, особено Ал Маваси, да биде нападната. Проблемот е што луѓето немаат каде да одат“, истакнува Хани Махмуд, известувајќи од Деир ел-Балах, централна Газа.

Преживеаните членови на семејството утринава се упатиле кон местото на бомбардирањето во областа Ал-Маваси во јужна Газа за да ги бараат другите 20 исчезнати под урнатините.

Мета биле шаторите во кои се засолниле раселените семејства, што довело до избувнување на пожари и палење на некои жртви, меѓу кои и жени и деца.

Додека, израелските сили уапсија 12 Палестинци во окупираната провинција Хеброн на Западниот Брег. Апсењата се извршени во историскиот центар на градот Хеброн, како и во блиските градови Беит Умар и Ас-Саму, јавува новинската агенција Вафа.

Меѓу уапсените има татко и неговиот 16-годишен син. Рациите и апсењата се редовна карактеристика на животот на окупираниот Западен Брег, при што од 7 октомври минатата година беа уапсени речиси 11.900 луѓе, многумина без формални обвиненија.

Во израелскиот геноцид во Газа загинаа најмалку 44.532 Палестинци, а беа повредени 105.538 од 7 октомври 2023 година. Најмалку 1.139 луѓе беа убиени во Израел за време на нападите предводени од Хамас тој ден, а повеќе од 200 беа заробени.

Во Либан, најмалку 4.047 луѓе се убиени, а 16.638 се ранети во израелските напади од почетокот на војната во Газа.