Американското министерство за финансии објави оваа недела дека Хариет Табман, Афроамериканка која побегнала од ропство и станала кондуктер на подземната железничка ризикувајќи го својот живот да транспортира робови до слобода, е новото лице на банкнотата со вредност од 20 американски долари.
Сепак, според Светскиот каталог на книжни пари, само во 48 од вкупно 196 земји има жена, на една или на повеќе од банкнотите кои се користат. Ова е помалку од една третина од земјите во светот, покажува мапата на VOX.
Според Independent, женски ликови има на само 9 проценти од книжните пари во светот, или вкупно 46 лица.
Десет од женските ликови на банкнотите се од кралски семејства или политичари, десет се писателки, седум активистики, седум пејачки или актерки и шест се уметници. Кралицата Елизабета Втора ја има на 74 од 120 банкноти со жени, а без неа, само три проценти од банкнотите ќе имаат жена на нив во светот каде половина од популацијата е од женски пол.