Организацијата за женски права „Бори се женски“ и Скопски филмски фестивал покануваат на проекција на филмот „Женска банда“ на режисерката Селин Сиама во кино Фросина (Младински културен центар).
Проекцијата ќе се одржи во понеделник (20 април), со почеток од 17 часот, а по неа ќе следи дискусија за жените и женските ликови во филмот, со почеток во 19:30 часот.
Гостинки на дискусијата ќе бидат режисерката Елеонора Венинова, Јана Коцевска, антропологеса и активистка за женски права, дел од Tiiiit! Inc, како и Киријана Николовска, директорка на фестивалот „МакеДокс“.