Со барања за повлекување на интервјуто со повеќекратниот силувач Игор Милошевиќ, применување на етичкиот кодекс во српските медиуми и кратење на буџетите на медиумите кои известуваат неетички, денес во Србија се одржа втор протест пред седиштето на медиумот „Информер“, во организација на независниот феминистички колектив „Женска солидарност“, пренесува „N1“.
„Бесни сме“, „Стоп на насилството“ биле најчестите скандирања на демонстрантките кои носеле и транспаренти на кои пишувало „Женската траума не е извор на приход“, „Ти посакуваме женска револуција“ и „Ниедна повеќе…“
Од „N1“ пренесуваат дека влезот на редакцијата на „Информер“ бил опкружен од полиција.
Ова е втор протест пред медиумот, по првиот кој се одржа минатата среда. Повод за протестите е објавено интервју со повеќекратниот силувач Игор Милошевич, кој беше пуштен на слобода по опслужување на 15 годишна казна затвот. По првиот протест, вчера беше поднесена кривична пријава против Милошевиќ од страна на „Информер“, а тој ќе биде задржан во притвор 48 часа.
Според „N1“, демонстрантите на денешниот протест сметаат дека е проблематичен начинот на кој Милошевиќ е тргнат од белградските улици и порачуваат дека „Информер“ не придонел за тоа, туку интервјуто довело до повеќекратна трауматизација.
„Медиумите многу често лошо се однесуваат со жените, а испровоцирани сме од сè, ‘Информер’ само ја преполни чашата. Кога се случува насилство, виновна е жената. Со нашиот страв се игра, се манипулира. Живееме во страв, но сме бестрашни. Ќе реагираме додека работите не се променат. Зошто ‘Информер’ дозволи новинарките да бидат загрозени“, изјавила една од организаторките на протестот, Јелена Ризниќ.
Радмила Петровиќ пак, додала дека на протестот е присутна за да каже „Доста е“.
„Немаме веќе време да молчиме. Дојдов да кажам дека е доста од украдени женски животи“, изјавила таа.
Демонстрантите порачале дека „ова не е крај“ и на улицата пред медиумот поставиле текстови за тоа како се претставува жената во медиумите.
— Ženska solidarnost (@ZSolidarnost) October 1, 2022
Živeo ženski bes! pic.twitter.com/rFkYMWgDl9
— Ženska solidarnost (@ZSolidarnost) October 1, 2022