Рамноправен третман на лицата со нехетеросексуална ориентација, унапредување на родовата рамноправност и основните човекови правана се дел од приоритетите на меморандумот за соработка потпишан од претседателот на Женска Алијанса, Гордана Трпчевска и претседателот на Либерална партија на Македонија, Ивон Величковски, соопштуваат од Алијансата.
Промовирање на родовата рамноправност, промовирање на еднаквост на лицата без оглед на нивната сексуална ориентација и синергија на ставовите, политиките, капацитетите и ресурсите за подигнување на јавната свест и промовирање активна и видлива политика за вклучување и примена на родовите концепти и правата на ЛГБТИ популацијата, се само некои од целите содржани во документот.
Во меморандумот јасно се упатува на заложба за адаптирање на регулативата за еднаков третман на лицата со нехетеросексуална ориентација и создавање политички капацитети и политики за согледување и решавање на клучните прашања и поставените цели од заеднички интерес.