„Дали знаевте дека 11 Октомври, освен што го славиме како наш државен празник, истовремено е и Меѓународниот ден на девојчињата? А како подобро да се помине овој ден ако не во женско друштво?“.
Вака Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство на 11 октомври, среда, заедно со American Corner Skopje го најавува „Женски пикник“, каде велат ќе се разговара околу тоа што значи да се биде девојка денес и како можеме да си помогнеме едни на други за да живееме здрав и исполнет живот.
Настанот ќе се одвива од 12 до 14 часот на Школска во скопскиот Градски парк.
Ќе се водат паралелни дискусии на три теми: „Женско сексуално и репродуктивно здравје“, „насилни тинејџерски врски“, но и и на тема „мојата идна кариера“.
„Ако ви звучи интересно…Потврдете го вашето присуство со тоа што ќе кликнете ‘Going’; Смислете си прашања што би сакале да ги поставите за женското здравје, врските и кариерниот развој; Поканете ги вашите другарки, сестри, колешки, братучетки да ви се придружат; Понесете си ќебенце/подлога за вежбање каде што ќе може да си седнете; И дојдете заедно да ja прославиме женската сила и безграничниот женски потенцијал!“, стои во најавата на Фејсбук.