На покана на владиниот совет за културни релации на Индија, Женскиот младински хор при МКЦ обезбеди учество во онлајн-концерт на кој ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји. За таа цел, хорот мораше да направи и испрати видеоснимка на композиција од македонски автор со која учествуваше во прелиминарната рунда од светскиот хорски натпревар.
Од пристигнатите над 170 видеа на хорови од целиот свет, интернационалното жири одлучило и изведбата на Женскиот младински хор при МКЦ да се претстави онлајн настанот.
Концертот ќе биде емитуван на 18.12.2020 (денес) во 12:30 часот по централноевропско време и може да се следи на следниот линк: ICCR’s International Choral Festival & Competition