Граѓанската иницијатива Зелен хуман град (ЗХГ) најавува протест во 17 часот, кој ќе се одржи денес, на 2 декември. Протестот ќе се случи на улицата Васко Карангелески во населбата Аеродром.
Од Иницијативата велат дека ќе се протестира против одлуката улицата пред Основното училиште „Љубен Лапе“ да се претвори во булевар.
„Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. Васко Карангелески во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар“, се вели во најавата на Иницијативата.
Од ЗХГ ги повикуваат локалните жители и граѓаните да излезат на протестот поради на учениците во основното училиште.
„Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште“ потенцираат од Иницијативата.