Жителите на Индија и Сингапур трошат многу повеќе време на интернет, споредено со другите држави од светот.
Дури 54 отсто од Индијците и 52 отсто од Сингапурците изјавиле дека трошат повеќе од 12 часа дневно пред компјутер, или одржуваат онлајн конекција на своите мобилни уреди, пренесе МИА.
Испитувањата за степенот на зависноста од интернет го изврши индиската агенција ЦНБС која испитала 9.417 жители од 25 држави во целиот свет.
Резултатите покажуваат дека најзависни од интернетот се жителите на Азија, а во неколку европски земји, меѓу кои Германија, Велика Британија и Франција, најмалку две третини од испитаниците изјавиле дека не чувствуваат никаков недостаток ако се помалку од шест часа дневно поврзани на интернет.