Жителите на скопската населба Пржино вчера ја организираа третата #TrashTag акција. Се работи за локална еко-иницијатива на жителите од населбата за собирање на ѓубрето од критичните точки.
Вчера граѓаните го собираа ѓубрето од игралиштето ,,Славија” и околу метеоролошката станица.
Организаторите велат дека се задоволни што расте бројот на луѓе кои се вклучуваат во иницијативата, додавајќи дека вчера се вклучиле граѓани на најразлична возраст.
„Стануваме се побројни. Дололнително расте мотивацијата да се допринесе за чиста животна средина кога ќе видиш дека се приклучуваат нови сили. Денес опсегот на возраст варираше од 5 до 75 години. Секоја чест на секој присутен, на секој кој допринесе за успешноста на оваа акција, до секој општествено одговорен граѓанин“, напишаа од иницијативата на Фејсбук.