Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Одложена матура, стрес поради заклучување на оценки, конфузија од менаџирање на распоредот кој се одвива на неколку различни платформи, се само дел од проблемите со кои се соочија учениците и студентите откако наставата се префрли на онлајн платформи поради пандемијата од коронавирусот. За тоа какви со какви ментални предизвици и последици се соочуваат учениците при ваквиот премин, своите ставови ги споделија училишниот психолог Гордана Блажевска Спиридонова и психотерапевтот Тиана Ивановска, но и повеќе студенти и ученици.
Според Спиридонова, земјава не е технички подготвена за интернет платформите, тие не се достапни ниту за секој наставник, ниту за секое дете. Додава и дека потстои дискрепанца меѓу младите и возрасните кога станува збор за дигиталните вештини.
Rest in peace summer
Радио МОФ преку онлајн анкета побара од учениците и студентите да ги споделат своите искуства со онлајн наставата. Меѓу одговорите беше и искуството на студентката Невена Тодоровска.
„Предавања немаме, зошто сум студент на електро смер и не може да се научат асинхрони машини и постројки без задачи и без лабораторија. Само по 1 предмет имаме онлајн – трае 1 час, а во поголемиот дел од времето се договараме како да почнеме со полагање бидејќи семестарот не е реализиран. Навистина во многу лоша ситуација сме, зашто сум осми семестар и сите планови пропаѓаат за дипломирање во септември. Со тоа не се знае дали ќе го пролонгираат рокот за упис на втор циклус на студии. Rest in peace summer“, вели Тодоровска.
Спиридонова вели дека техниката која требала да ги задоволи потребите – потфрлила, па таа всушност станала извор на анксиозност.
„Burnout се развива и предизвикува секоја психичка и физичка активност која е преинтензивна и ги надминива ресурсите за прилагодување на единката. Burnout можеме и самите да форсираме со неправилен приод кон задача и нереални очекувања за потребното време за реализација, потребната вложена енергија и сакани реазултати. Во тој случај самите го отвараме патот за ефекти на исцрпеност. Затоа оваа ситуација бара учење, процесирање, евалуирање, издвојување на недостатоците, зајакнување на можностите и бара нови прилагодувања – бара време. Доколку научиме ние возрасните од оваа нова ситуација и ги надминеме недостатоците и младите ќе можат побрзо да ги користат предностите на културолошкото созревање на нацијата. А доколку не учиме и не се надоградуваме – ќе бидеме фрустрирани“, вели училишниот психолог.
Психотерапевтот Тиана Ивановска смета дека недостатокот на информации за справување со ситуацијата и нестабилноста на образовниот систем можат да бидат реални причини за појавата на burnout синдромот.
„Не верувам дека синдромот на согорување е конкретно врзан за видот на наставата, но повеќе би го разгледувала од аспект на целата конфузија во која се наоѓаат студентите. Но сметам дека недостатокот на информации, системот кој не е доволно стабилен за да ги поддржи во процесот на учење, збунетоста, конфузијата, исчекувањето и многу други елементи кои како се нус појави на пандемијата во која сме затекнати дефинитивно би биле реална причини за поголема изложеност на овој синдром“, вели таа.
Средношколката Елена Тимова вели дека била поборник за отпочнување на онлајн настава, но таа испаднала тотален хаос.
„Професори кои не се добри со технологија беше првиот проблем. Потоа нераспореденоста, се случуваше 3-4 професори да пратат домашно во еден ден. Со рок секако. Да не знаеш што попрво да почнеш да учиш. Па сите различно која на месинџер, кој на меил. Не знаеш ни дали им стигнала како што треба, не ти враќаат сите повратна информација. Знам,напорно им е и на нив, но ако се праќа на меил лесно може да стигне во спами воопшто да не ја отворат. Испратено домашно не значи дека сум ја сфатила лекцијата“, нагласува Тимова.
Ивановска смета дека токму недобивањето на јасни инструкции може да предизвика анксиозност, стрес и паника.
„Товарот секогаш паѓа на ученикот бидејќи од образованието зависи неговиот кариерен и професионален пат кој го изминува. Тука се особени изложени учениците кои преферираат структура во учењето и кои се потпираат на рутина но и општо сите ученици без разлика на начинот на учење кој го преферираат. Нормално е секој човек чувствува збунетост во средина во која не добива јасни инструкции за тоа како треба да ги сработи обврските. И од тука произлегува зголемена анксиозност, стрес и паника поради самото неисчекување во кое учениците се затекнати“, истакнува таа.
Онлајн настава, но и виртуелни оценки
Онлајн наставата донесе и импровизирани тестирања, нереално оценување и сомнителни резултати.
„Ние имаме онлајн часови, распоред, тестови и домашни, но многу од учениците не се задоволни бидејќи се е многу исфорсирано некако и никој не е сконцентриран, оценките од тестовите се нереални затоа што никој не учи и сите препишуваат на онлајн тестовите, често има технички проблеми со интернет, микрофони и камери и испаѓа како повеќе време да се губи бесцелно пред компјутер затоа што не правиме ништо продуктивно“, констатира средношколката Бојана Бурческа.
Психологот Спиридонова истакнува дека нема развиено култура на правилен став кон знаењето, но и отчет за стекнатото знаење.
„Веројатно мошне е висок вкупниот процент на ученици кои ќе се обидат, во овие услови, со сите тактики на препишување и оттаму на фалсификување на резултатите. Затоа наставниците кога мора да го проценат и оценат трудот на ученикот во сегашните услови имаат серизона скепса и дилема колку е тоа стекнато, научено знаење кое го оценува, а колку е препишано, копирано од извор на интернет или некој друг го пополнувал тетстот во потполно неконтролирани услови во нечиј дом. Наставниците скоро воопшто немаат услови да го контролираат процесот на учење и репродукција на знаења за да бидат уверени дека е знаење на самиот ученик за што ќе може да даде објективна проценка во вид на оцена. Освен потешкотиите со услови за далечинско учење за секое дете, овој дел е најпроблематичен – токму оценувањето, а оттаму и резултатите од наставата на далечина“, смета таа.
Ивановска порачува дека треба да се евалуираат двете настави за да може да се проценуваат резултатите на учениците.
„Во нашата држава недостасуваат студии кои суштински ја евалуираат ефикасноста на класичната настава, а камо ли пак на онлајн наставата. На крајот на денот, резултатите се помалку важни во споредба со знаењето и вештините кои учениците ќе успеат да ги стекнат или ќе ги пропуштат“, вели таа.
Но дури и по заклучување на крајните оценки, и одлуката на Владата која во меѓувреме одлучи оваа година да го укине полагањето државна матура, следува уште еден стрес – запишувањето на факултет на оваа генерација матуранти.
„Изборот за факултет е дефинитивно тешка одлука, одлука која треба да ја донесам на 18, 19 години и која ќе се провлече низ цел живот. Стресот е голем, недоумицата е голема, притисокот и од останатите, а најмногу од самата себе, гледано од личен аспект“, вели Моника Тасеска, матурантка од Прилеп.
Спиридонова посочува дека факултетите ќе мора да ги земат предвид вонредните услови при завршување на учебната 2019 – 2020 година.
„Генерации наназад доживуваа помал или поголем стрес во исчекување на матурата и оваа генерација ќе мора да помине низ тоа иако се нешто видоизменети условите. Секогаш кога сме пред задача најефективен приод е подготовка, отколку да се губи време на секирање, грижи и анксиозни мисли. Ќе реагира со лутина, на надлежните. Државата има обврска да го овозможи уписот на високо образовните институции и предусловите за тоа да се случи. Секако имаме разбирлива воздржаност во однос на резултатите од онлајн наставата, но наставниците се свесни за овој дел и најчесто ќе реагираат во корист на учениците, и секако во равенката при упис на факултетите ќе мора да ги земат предвид вонредните услови на завршување на учебната 2019 – 2020 година“, вели Спиридонова.
Според Ивановска, потребно е прифаќање на моменталната хаотична ситуација и верба во системот, која таа се надева дека нема да ги оштети овие генерации.
„Факт е дека сите сме затекнати во ситуација во која никогаш не сме биле, но според мене најважно е да се минимизираат последиците. Би било добро доколку фокусот се постави на она што навистина ги интересира, бирање на факултетската установа според нивните желби и потреби како и прифаќање на овие установи како само уште еден алка во синџирот на образовниот систем во кој тие веќе имаат долгогодишно искуство и не е целосно непознат за нив“, нагласува таа.
Што да направат студентите, учениците, но и професорите во вонредна ситуација?
Ивановска смета дека треба индивидуално да се разгледаат потребите на секој ученик и професор, поради различните потреби на секој од нив.
„За учениците е добро фокусот да го стават на она што е значајно и да го прифатиме ова како една ситуација од која ни оди во прилог да го извлечеме најдоброто. Истото би го кажала и за наставниците земајќи ја во предвид различната страна на училницата која ја заземаат“, истакнува таа.
Спиридонова по ова прашање ги вклучува и родителите.
„Родителите се важни како поддршка да најдат начини да овозможат детето да учи далечински, вон училишната зграда, и да ги поддржи напорите на наставниците на правилен начин со поттик на детето да соработува, и вложива напори, отколку да се жали и избегнува. Треба да бидеме реактивни и ефективни кога ќе се пријави проблем и да бареме стратегии заеднички сите страни вклучени во процесот на учење – и наставниците, и децата, и стручните служби и родителите“, смета таа.
Ивана Смилевска
-
Zhonglerim me aplikacione dhe nota të pa verifikuara – ligjëratat online bartin pasoja për shëndetin mendor
Matura e prolonguar, stresi në lidhje me notat e bllokuara, konfuzioni nga menaxhimi i orarit që zhvillohet në disa platforma të ndryshme, janë vetëm disa nga problemet me të cilat përballen studentët pasi mësimi është zhvendosur në platformat në internet për shkak të pandemisë së virusit korona. Psikologia shkollore Gordana Blazhevska Spiridonova dhe psikoterapistja Tiana Tanevska, si dhe disa studentë dhe nxënës, ndanë pikëpamjet e tyre mbi sfidat mendore dhe pasojat me të cilat përballen studentët gjatë këtij tranzicioni.
Sipas Spiridonova, vendi nuk është teknikisht i gatshëm për platformat e internetit, ato nuk janë të disponueshme për çdo mësues e as për çdo fëmijë. Ajo thotë se ekziston një mospërputhje ndërmjet të rinjve dhe të rriturve kur bëhet fjalë për aftësitë digjitale.
Rest in peace summer
Përmes një studimi në internet, Radio MOF u kërkoi studentëve të ndajnë përvojat e tyre me mësimin online. Ndër përgjigjet ishte dhe përvoja e studentes Nevena Todorovska.
“Nuk kemi ligjërata, sepse unë jam studente e drejtimit elektro kështu që makinat asinkrone dhe makineritë nuk mund të mësohen pa detyra dhe pa laborator. Kemi vetëm një lëndë në internet – zgjat një orë dhe shumicën e kohës merremi vesh se si të fillojmë dhënien e provimeve sepse semestri nuk është realizuar. Jemi në një situatë vërtet të keqe, sepse unë jam në semestrin e tetë dhe të gjitha planet kanë dështuar për diplomim në shtator. Nuk dihet nëse do ta zgjasin afatin për regjistrim në ciklin e dytë të studimeve. Rest in peace summer”, thotë Todorovska.
Spiridonova thotë se teknika që duhej të plotësonte nevojat – dështoi, kështu që ajo realisht u bë burim ankthi.
“Po zhvillohet ‘Burnout’ dhe e shkakton çdo aktivitet mendor dhe fizik që është shumë intensiv dhe që tejkalon burimet për adaptimin e individit. Burnout mundemi ta sforcojmë edhe vetë me qasje jo korrekte ndaj detyrës dhe pritjeve jorealiste për kohën e nevojshme për realizim, energjinë e nevojshme të investuar dhe rezultatet e dëshiruara. Në atë rast, ne vetë e hapim rrugën për efektet e rraskapitjes. Prandaj, kjo situatë kërkon mësim, përpunim, vlerësim, veçim të mangësive, forcimin e mundësive dhe kërkon përshtatje të reja – kërkon kohë. Nëse ne të rriturit mësojmë nga kjo situatë e re dhe i tejkalojmë mangësitë edhe të rinjtë do të jenë në gjendje të përfitojnë më shpejt nga pjekuria kulturore e kombit. Dhe nëse nuk mësojmë dhe nuk përmirësohemi – do të frustrohemi”, tha psikologu i shkollës.
Psikoterapistja Tiana Ivanovska beson se mungesa e informacionit për ballafaqimin me situatën dhe paqëndrueshmëria e sistemit arsimor mund të jenë arsye të vërteta për shfaqjen e sindromës burnout.
“Nuk besoj se sindroma e rraskapitjes lidhet posaçërisht me llojin e mësimdhënies, por më mirë do ta shikoja nga këndvështrimi i gjithë konfuzionit në të cilin ndodhen studentët. Por mendoj se mungesa e informacionit, sistemi që nuk është mjaft i qëndrueshëm për t’i mbështetur në procesin e të mësuarit, konfuzioni, parashikimi dhe shumë elementë të tjerë që si efekt anësor i pandemisë në të cilën ndodhemi patjetër se do të ishte arsye e vërtetë për ekspozim më të madh të këtij sindromi, “thotë ajo.
Gjimnazistja Elena Timova thotë se ajo ishte një mbështetëse për fillimin e mësimdhënies online, por ajo rezultoi të jetë rrëmujë totale.
“Problemi i parë ishin profesorët që nuk janë të mirë me teknologjinë. Pastaj mos organizimi, ndodhte që 3-4 profesorë të jepnin detyra shtëpie brenda një dite. Natyrisht me afat. Të mos e dish se çfarë të fillosh të mësosh së pari. Dhe të gjithë ndryshe, kush me mesinxher e kush me email. As nuk mund ta dish nëse i ka arritur siç duhet, jo të gjithë ta kthejnë informacionin. E di, u është shumë e vështirë, por nëse e dërgoni me email, është lehtë të futet në spam dhe të mos e hapin fare. “Dërgimi i detyrës së shtëpisë nuk do të thotë se unë e kam kuptuar mësimin,” tha Timova.
Ivanovska beson se pikërisht mos pranimi i udhëzimeve të qarta mund të shkaktojë ankth, stres dhe panik.
“Barra gjithmonë bie mbi studentin sepse nga arsimi varet karriera e tij dhe rruga profesionale nëpër të cilën kalon ai. Këtu veçanërisht janë të ekspozuar studentët që preferojnë strukturë në mësim dhe që mbështeten në rutinë por edhe në përgjithësi të gjithë studentët pavarësisht nga mënyra e të mësuarit që ata preferojnë. Është normale që çdo njeri të ndjehet i hutuar në një mjedis ku ata nuk marrin udhëzime të qarta se si t’i bëjnë detyrat. Dhe nga këtu vjen shtimi i ankthit, stresit dhe panikut për shkak të papriturave të shumta në të cilën gjenden studentët”, tha ajo.
Mësimdhënia online, por edhe nota virtuale
Mësimdhënia në internet solli edhe teste të improvizuara, vlerësim joreal dhe rezultate të diskutueshme.
“Ne kemi klasa online, orare, teste dhe detyra shtëpie, por shumë prej studentëve nuk janë të lumtur sepse gjithçka është disi shumë e sforcuar dhe askush nuk është i përqendruar. Rezultatet e testeve janë joreale sepse askush nuk mëson dhe të gjithë përshkruajnë testet në internet, shpesh ka probleme teknike me internetin, mikrofonat, kamerat, dhe rezulton se humbet më shumë kohë pa qëllim përpara kompjuterit sepse nuk bëjmë asgjë produktive”, tha nxënësja e shkollës së mesme Bojana Burçeska.
Psikologia Spiridonova thekson se nuk ka kulturë të zhvilluar të një qëndrimi të saktë ndaj dijes, por edhe llogaridhënie për njohuritë e fituara.
“Me gjasë është shumë e lartë përqindja totale e studentëve që në këto kushte do të përpiqen me të gjitha taktikat e përshkrimit dhe së këndejmi edhe falsifikimin e rezultateve. Prandaj, kur mësuesit duhet të vlerësojnë punën e studentit në kushtet aktuale, ata kanë skepticizëm dhe dilemë serioze se sa është e fituar njohuria që e vlerësojnë ata, dhe sa është përshkruar, kopjuar nga një burim në internet ose dikush tjetër ta ketë plotësuar testin në kushte plotësisht të pakontrolluara në shtëpinë e dikujt. Mësuesit nuk kanë pothuajse asnjë kusht për të kontrolluar procesin e mësimit dhe riprodhimit të njohurive në mënyrë që të binden se është njohuria e vetë studentit me çka do të jetë në gjendje të japë vlerësim objektiv në formën e notës. “Përveç vështirësive me kushtet e mësimit në distancë për secilin fëmijë, kjo pjesë është më problematikja – pikërisht vlerësimi dhe së këndejmi rezultatet e mësimit në distancë”, tha ajo.
Ivanovska tha që duhet të vlerësohen të dy mësimet në mënyrë që të jenë në gjendje të vlerësojnë rezultatet e nxënësve.
“Në vendin tonë ka mungesë studimesh që vlerësojnë në thelb efikasitetin e mësimdhënies klasike, e lëre më mësimin online. Në fund të ditës, rezultatet janë më pak të rëndësishme sesa njohuritë dhe aftësitë që do të jenë në gjendje të fitojnë apo ti humbasin nxënësit, “tha ajo.
Por edhe pas përfundimit të vlerësimeve përfundimtare, dhe vendimit të Qeverisë, e cila ndërkohë vendosi të heqë provimin e maturës shtetërore këtë vit, vijon një stres tjetër – regjistrimi i kësaj gjenerate të maturantëve në fakultet.
“Zgjedhja e një fakulteti është padyshim vendim i vështirë, vendim që duhet të marrë në moshën 18, 19 dhe që do të zgjasë gjatë tërë jetës. Stresi është i madh, dyshimi është i madh, presioni nga të tjerët dhe mbi të gjitha nga vetja, shikuar nga këndvështrimi personal ”, tha Monika Taseska, maturante nga Prilepi.
Spiridonova thekson se fakultetet do të duhet të marrin parasysh kushtet e jashtëzakonshme në fund të vitit akademik 2019-2020.
“Gjeneratat e mëparshme kanë përjetuar më pak ose më shumë stres në pritje të maturës edhe kjo gjeneratë do të duhet të kalojë përmes saj edhe pse kushtet kanë ndryshuar disi. Kurdoherë që përballemi me një detyrë, qasja më efektive është përgatitja, në vend se të humbet kohë në shqetësime, brenga dhe mendime ankthi. Do të reagojë me zemërim ndaj autoriteteve. Shteti ka për detyrë të lejojë regjistrimin në institucionet e arsimit të lartë dhe parakushtet për të ndodhur kjo. Sigurisht që kemi kufizim të kuptueshëm në lidhje me rezultatet e mësimit online, por mësuesit janë të vetëdijshëm për këtë pjesë dhe zakonisht do të reagojnë në favor të studentëve dhe natyrisht në ekuacionin kur regjistrimi në fakultete do të duhet të marrë parasysh kushtet e jashtëzakonshme të përfundimit të vitit shkollor 2019 – 2020 “, tha Spiridonova.
Sipas Ivanovska, është e nevojshme të pranohet situata aktuale kaotike dhe besimi në sistem, për të cilin ajo shpreson se nuk do t’i dëmtojë këto gjenerata.
“Është fakt që të gjithë jemi në një situatë që nuk kemi qenë kurrë, por për mendimin tim gjëja më e rëndësishme është të minimizohen pasojat. Do të ishte mirë nëse përqendrimi do të ishte në atë që i intereson ata vërtet, zgjedhja e institucionit universitar sipas dëshirave dhe nevojave të tyre si dhe pranimin e këtyre institucioneve si një tjetër lidhje në zinxhirin e sistemit arsimor në të cilin ata tashmë kanë përvojë shumë vjeçare dhe nuk është plotësisht i panjohur për ta, “tha ajo.
Çfarë duhet të bëjnë studentët, nxënësit, por edhe profesorët në situata të jashtëzakonshme?
Ivanovska beson se duhet të konsiderohen individualisht nevojat e secilit student dhe profesor, për shkak të nevojave të ndryshme të secilit prej tyre.
“Është mirë që studentët të përqendrohen në atë që është e rëndësishme dhe ta pranojnë këtë si një situatë që na sjell në favor që ta nxjerrim më të mirën. Unë do të thosha të njëjtën gjë për arsimtarët, duke marrë parasysh anën e ndryshme të klasës që zënë ata ”, tha ajo.
Spiridonova për këtë çështje gjithashtu i përfshin prindërit.
“Prindërit janë të rëndësishëm si një mbështetje për të gjetur mënyra për t’i mundësuar fëmijës të mësojë nga distanca, jashtë ndërtesës së shkollës dhe të mbështesë përpjekjet e mësuesve në mënyrën e duhur, duke e inkurajuar fëmijën të bashkëpunojë dhe të bëjë përpjekje, sesa të ankohet dhe të shmanget.” “Ne duhet të jemi reaktiv dhe efektiv kur lind një problem dhe të kërkojmë strategji të gjitha palët e përfshira së bashku në procesin e mësimit – si mësuesit ashtu edhe fëmijët, shërbimet profesionale dhe prindërit.”, thotë ajo.
Ivana Smilevska