Тетовската мултимедијална организација OLUK оваа сабота (16 март) ќе ја одржи втората годинешна забава во салата на Домот на пензионерите во Тетово, во која овој пат гостуваат двајца членови на скопскиот колектив Beatnex – Kinjo и Tanimed, а од страната на „домаќините“ ќе настапат B!Zarre и Miss Neighty. Организаторите ветуваат дека во овој алтернативен простор, љубителите на електронските звуци ќе можат да уживаат во уште едно посебно музичко патување.
„Под налетот на масовната токсификација од турбо силиконската (не)култура, цврсто сме посветени кон одржување на менталната хигиена во смисла на прогресивните музички движења“, се вели во ФБ- најавата на настанот.
Подиумот ќе го отвори младата, но веќе забележлива Miss Neighty од OLUK, со длабоки, емотивни и прецизни звуци за загревање. Пред полноќ, пултот го преземаат диџеите на Радио МОФ Kinjo (Beatnex) и B!Zarre (OLUK), кои ќе настапат со тричасовен b2b сет. Ноќта ќе ја заокружи Tanimed (Beatnex) со одбрани хаус и техно нумери за финале.
Настанот ќе се пренесува во живо на Радио МОФ. Журката во сабота почнува во 22 часот, а влезот е 50 денари.
OLUK meest BEATNEX – najava za zurka, 16.03.2013 by Radio Mof Music on Mixcloud