Реге-диџејот и водител во Радио МОФ, Гето Руди, заедно со неговиот колега-водител, исто од Радио МОФ – Гиле, овој петок (28 јуни) од 20 часот ќе пуштаат музика на журка во „Буква“.
„Да го фатиме магискиот, постмодерен воз за Кочабамба! Машиновозачите Гето и Гиле возат со одлична музика од македонските и југословенските простори – ОД ВАРДАР, ПА ДО ТРИГЛАВ! Попатни станици ни се Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево, Загреб и Љубљана.
Да се забавуваме на пост панк, синт поп, њу вејв и секако да ги чуеме бендовите кои оставија длабоки траги во музичката историја, од Бастион, Зијан, Леб и сол, Бон-тон, ЕКВ, Партибрејкерс, Пекиншка патка, па сè до Азра, Хаустор, Забрањено пушење, Бомбај штампа, Лајбах и така натаму и така наваму! Возот за Кочабамба тргнуваааа… во 20 часот… чууу-чууу…“, стои во најавата за настанот.