Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.
Во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва од 21 часот ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана и новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival Network“, а вечерта ќе заврши со предновогодишно дружење и коктел.
Влезот на проекцијата и на промоцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.
Инаку, премиерата на документарниот филм „Градина“ на Бојан Тантуровски се одржа изминатиов август на 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Радио МОФ веќе пишуваше за рецензија за оваа приказна за последните герила-градинари во Скопје. Тие, по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување. Како што се шири градот, градинарите се принудени да бараат друго земјиште.
[Рецензија] Во „Градината“ на последните урбани герила градинари