Златни правила за Твитер бонтон

Како да изгледате добро на социјалните мрежи? Ако сте активни на Твитер, сте ја одбралe една од највлијателните мрежи, на која заедно со вас се уште 200 милиони луѓе. Твитер е медиум на кој во фокусот се мислењата и интересите на корисниците. Ако имате среќа, ќе добиете група следачи кои сакаат да слушаат. Но, ако ги прекршите непишаните правила на бонтон кои владеат на оваа мрежа, многу лесно може да ги избркате следачите. Покрај советите за почетниците на Твитер, порталот Mashable состави и листа на правила за Твитер бонтон.

Златни правила за Твитер бонтон

Содржина

Дури и ако вашиот Твитер акаунт е „заклучен“, интернетот има „тајни“ начини за ширење на информациите во јавноста. Третирајте ги вашите твитови како вашите родители или шефови да ги читаат. Намалете ги пцовките и простачките зборови на минимум, имајте почит за другите и бидете внимателни со скратените зборови.  Како и во многу други ситуации, златното правило овде вели „однесувај се со другите онака како што сакаш другите да се однесуваат со тебе“. Споделувајте линкови до содржини кои и вас би ве интересирале. Ако споделувате статија, видео или блог пост, секогаш ставете линк до оригиналот. Не споделувајте непотврдени и лажни информации.

– Не претерувајте. Нема ништо полошо од ТЛ исполнет со банални, здодевни твитови како: „Возам дома од работа“ или „Јадам костени“. Не твитајте за секоја минута од вашиот секојдневен живот. Чувајте ги деталите за вашите навики во тоалетот или спалната соба за себе. Запомнете дека и вашата мајка може да го чита она што го пишувате.

– Спојлери. Стварно ли сакате да бидете оној што на вашите пријатели им ја уништи последната епизода на Breaking Bad? Иако Твитер буквално е преплавен со спојлеро, не бидете идиотот што ги постира.

– Себепромоција. Твитер е алатка за социјално вмрежување – одредена количина бесрамна себепромоција треба да се очекува. Сепак, ќе ве отследат многу брзо, ако во вашиот фид нема ништо друго освен линкови до некоја ваша активност или производ. За секој ваков линк, ставете по неколку кои водат до нешто што не е ваше.

Златни правила за Твитер бонтон

– Продажба. Твитер е приватна сфера, а не место на кое се води традиционален бизнис. Ако сакате да стапите во контакт со некого за бизнис, пратете му ја понудата преку мејл.

– Споделување мислења. Вашите следачи сакаат да знаат кој сте и што ве интересира, што значи дека можете да ги споделувате вашите мислења и коментари. Сепак, имајте почит и не ја распалувајте непотребно дискусијата. Ако коментирате на контроверзна или чувствителна тема, запрашајте се: Имам ли конструктивна критика поткрепена со добри информации, која ќе додаде вредност на дискусијата? Има ли други луѓе, кои се поквалификувани да коментираат на оваа тема? Ќе направи ли разлика моето мислење? Дали активно, во вистинскиот живот изразувам некаков протест околу оваа тема? Подготвен ли сум да ги сносам последиците од можното вознемирување на моите пријатели и следачи?

– Хаштагови. Тие можат да внесат хумор и да им помогнат на вашите твитови да стигнат до поголем број луѓе, но не претерувајте. Од твитовите исполнети само со хаштагови „болат очи“, а тие прават и да изгледате како спамер. Најдобро е да се држите до најмногу три # во еден твит.

https://twitter.com/MiguelVillar_/statuses/348022500615131136

– Твитањето под дејство на алкохол или дроги не е добра идеја. Ако ова не сте го научиле досега, едноставно не пробувајте.

Фреквенција на постирање

Ова може да биде по малку субјективно. Некои луѓе можат да твитаат многу и да го прават тоа добро. Други, пак, немаат многу да кажат. Зачувајте ги вашите твитови за вистински интересните содржини и бидете доволно скромни за да сфатите дека не секоја мисла вреди да се зачува за следните поколенија. Од друга страна, твитањето еднаш неделно ќе ги натера некои луѓе двапати да помислат зошто ве следат. Имајте мерка – ако сте почетник, држете се до 4 до 5 твитови дневно.

Следење и следачи

Немате никаква обврска да го следите секој кој вас ќе ве заследи – ако ова го правите автоматски, изгледате како робот. Секако, ќе заследите некој што го познавате во вистинскиот животИзборот на луѓе кои ги следите е силна изјава за вашите интереси и вашето влијание. Ако сте заинтересирани за одреден вид твитови, нема потреба да го „загадувате“ фидот со теми што не ве интересираат. Од друга страна, не лутете се ако некој не ве заследи. Тоа е животот. Најлошиот престап е ако заследите некого, а веднаш штом тој ќе возврати, вие го отследите. Ова за некого е начин да се добијат следачи, но е едноставно непристоен.

Ретвитање

Понекогаш ќе сакате да споделита нечиј добар твит. Ова е ок. Крадењето не е ок. Претставувањето на туѓа содржина како своја можеби не е противзаконски, но дефинитивно е форма на плагијаторство и ќе ви донесе лоша карма.

Има два начини да ретвитате. Ако го кликнете копчето, ќе го споделите онаков каков што е. Ако сакате да додадете коментар, ретвитнете го „рачно“. Напишете „РТ“ и името на оној што го твитнал, откако ќе го дадете својот коментар.

Извор: Mashable