Македонската танцова школа „Dancers United“ освои злато на Европското првенство во танци кое се одржа во Москва.
„Нашите Ds Crew и DU Crew Европски прваци во танци во Москва“, напишаа на својот ФБ профил од „Dancers United“.
Победничкиот тим вклучува неколку млади со Даунов синдром, меѓу кои и Александар Матовски- Цако, поет и автор на емисијата „Јас сум Цако“ на Радио МОФ.