Во овој получасовен документарен филм, чија тема е случајот со убиството на младиот Мартин Нешовски, се илустрира слабоста на системот која овозможува злоупотреба на полициската моќ.
Во филмот зборуваат сведоци на бруталното убиство, народниот правобранител Иџет Мемети, членови на движењето „Стоп за полициската бруталност“, експерти, правници, криминолози и жртви на други случаи на полициска бруталност. Автор e Мери Јордановска, а продуцент Борјан Јовановски. Според авторката, портпаролот на МВР Иво Котевски и министерката Гордана Јанкулоска одбиле да дадат изјава во камера и испратиле само писмен одговор.
Извор: Нова ТВ