Знамето на гордоста доби уште поинклузивен дизајн

По повод одбележување на Месецот на гордоста, дизајнот на знамето на гордоста се обнови за да ги вклучи интерсекс лицата во ЛГБТИ+ движењето, известува „Индепендент“.

Новиот дизајн ги вклучува интерсекс лицата во движењето. Новиот дизајн на знамето беше изработен од страна на  Валентино Вечиети.

„Среќен Месец на гордоста 2021“. За нашата кампања за интерсекс инклузија би сакале со вас да го споделиме новото Знаме на гордоста“, гласела Инстаграм објава по повод новиот дизајн.

„Нашата цел со ваквиот дизајн беше да создадеме интерсекс инклузија која е повеќе од потребна“, дополнително информирала објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IERUK (@intersex.equality.rights.uk)