По добиени поплаки од членови на секцијата на сниматели, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира дека Владата треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор.
„Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје“, соопштува ЗНМ.
ЗНМ бара од Владата кога има ваков тип на настани за медиумите во иднина да се обезбедат соодветни услови за нивна работа и строго да ги почитуваат здравствените протоколи предвидени за јавни настани.