Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) отвора солидарен фонд за колегата Томислав Кежаровски. Сите новинари и граѓани ќе можаат од денеска да донираат пари во овој фонд. Од ЗНМ велат дека со собирањето пари ќе му се помогне материјално на Кежаровски, бидејќи откако е затворен нема никакви приходи.
„Откако е затворен нема никакви примања, ниту неговата сопруга не може да најде работа. Кежаровски во изминатите две години поминал низ пекол ни крив ни должен. Затоа ги повикувам сите граѓанин да донираат на солидарниот фонд за помош на Кежаровски“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Граѓаните може да донираат на солидарниот фонд за Кежаровски на транскцискиот број: 300000003296484 – Комерцијална банка.
Селмани истакна дека Кежаровски е невин, а условното ослободување нема да го коментира се додека не пристигне конечното решение до адвокатот на Кежаровски.